Каевски: Парламентараното мнозинство е стабилно и ќе продолжи да носи реформски политики

од Берта Китинска
313 прегледи

По завршувањето на изборите сите политички партии излегоа и дадоа поддршка на оваа Влада. Парламентараното мнозинство е стабилно и ќе продолжи да носи реформски политики, вели за Утрински брифинг Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.

-Верувам дека работата во Собранието ќе продолжи онака како што треба да продолжи. Во изминатиот период имавме случаи кога низа закони коишто беа значајни за подобро утре на граѓаните и стандардот беа закочени врз база на волјата на опозициските пратеници коишто со низа процедурални излагања ја блокираа работата на комисиите оневозможија тие да дојдат на пленарна сесија и да бидат донесени, вели Каевски.

Слични содржини