За два дена 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина

од Берта Китинска
201 прегледи

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина, велат од министерството за здравство.

-Заклучно со 02 ноември вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, информираат од МЗ.

Слични содржини