Молк од новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и од неговата партија ГРОМ за неговото, во најмала рака, непристојно однесување по победата на локалните избори во земјава.
Јакимовски, кој со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт во Карпош, при прославата на победата, за што сведочат видеа на социјалните мрежи, играше на „преработената“ песна од македонски бенд, односно зборовите на кои тој покажа радост беа „како ве е*е Стевчо Јакимовски, за вас е само ку*от громовски“.
Не може нам нико ништа changed to куку леле literally pic.twitter.com/GaCY54dDCJ
— Јепир (@jepirovski) November 1, 2021
На прашања од нашата редакција до него и неговата партија за неговото недолично однесување – МОЛК, впрочем како што имаа навика и некои други негови „сопартијци“ за време на кампањата, кои избегнуваа да одговораат на прашања пред јавноста.
Нема одговор и на прашањето на кого точно се однесуваат овие зборови – дали на неговите политички противници или на карпошани кои не го дадоа гласот за него.
За тоа дали ќе ги остави „на цедило“ и тие кои го дадоа гласот за него, доколку заврши во затвор поради кривичните дела за кои се товари, Стевчо и ГРОМ не би знаеле да нѝ кажат.
Сепак најважното, барем според нас прашање кое градоначалникот со потекло од Подржикоњ не сака да го одговори, а секако и за оние кои не гласаа за него или поради разочараност од актуелната власт не излегоа на гласање, е дали ќе продолжи да ја развива „бетонската џунгла“ во Карпош – таква каква што ја остави општината пред 4 години?
КОМШИЈАТА Јакимовски, секако ќе продолжи со своите „политики“ во Карпош, а за тоа кој го врати на власт, можеме ние карпошани кои го поминавме целиот живот тука да си ставиме прст на глава и да се надеваме дека нема да направи поголема штета.
За другите, ќе цитирам еден мој познаник: „На народ кој повторно го гласа КОМШИЈАТА….не треба да му се секираме за иднината“.
Но очигледно има некои и на кои не им е КОМШИЈА, а сакаат да им стане.
Баравте, добивте…
В.Зорба