Очекував целосна оставка од раководството пред се од солидарност кон Заев, изјави за Утрински брифинг Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ.
-Партијата треба да биде отоврена за нови личности кои ќе умеаат и сакаат да придонесат , но тоа треба да се заснова на принципиелност.Лидер од политички калибар не се создава преку ноќ.Таа личност треба да поседува, храброст, мудрост и визија.Заев со своите атрибути според мојата лична проценка е повеќе од 70 проценти од перцепцијата и персонификацијата за СДСМ, ќе биде тешко да се најде негова замена. Во однос на оставките очекував целосна оставка од раководството пред се од солидарност кон Заев.Иако лидерот условно кажано сам потенцираше дека се чувствува најодговорен за случувањата не е единствено одговорен, вели Кирацовски.