Анѓушев: По Нова година струјата ќе има нова цена, потребна е помош за најранливите граѓани

од Берта Китинска
1,6K прегледи

Цената на струјата на светските берзи расте и ќе расте, а по нова година ќе има нова цена на струјата, државата треба да се подготвува да им помогне на најранливите категории , вели поранешниот вицепремиер за економски прашања во владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев во „Студио 10“.

„До Нова година до кога цените се заштитени, се заштитени, потоа ќе ја делиме судбината на целиот свет и тука ние не можеме да бидеме исклучок од тоа“, изјави Анѓушев.

Во однос на влијанието кое ќе го имаат идните повисоки цен на струјата врз граѓаните, тој вели дека државата има други механизми, односно постојат пакети за енергетска сиромаштија.

„За тие што се најранливи категории граѓани, потребно е да се зголеми износот во буџетот за  на тие луѓе да им се плаќаат сметките на струја. Во светот така се справуваат со овој проблем“, кажа Анѓушев.

Слични содржини