Касами: Вработените кои не се појавиле на работа и земаат плати ќе ги повикам да си дадат отказ

од Берта Китинска
1,7K прегледи

Со нашата победа се врати надеж за достоинствен живот во Тетово – градот на историјата, културата и знаењето и традицијата.  Свесни сме дека од денеска мене и мојот тим ме чека многу тешка и напорна работа, но со професионалниот и моралниот капацитет што го имаме без трошка сомнеж ќе успееме. Од овој момент ќе започне скенирање на актуелните состојби во општина Тетово и веднаш согласно законските одредби ќе ангажираме специјалисти надвор од институцијата за целосна ревизија, изјави  Лидерот на Беса, Биљал Касами кој ја превзема градоначалничката функција во Тетово од Теута Арифи, кадар на ДУИ.

Касами рече дека оние кои никогаш не се појавиле на работните места и земале плати од општината, ќе ги повикува сами да се повлечат и да се одјават од нивните работни места.

-Транспарентноста почнува од тука. Кој злоупотребил јавни средства ќе одговара. Веднаш ќе почнеме да ја скенираме работата на јавните претпријатија и може да поставуваме нови раководни лица на овие претпријатија. Денеска сакам да ја потврдам заложбата што ја дадов во кампањата, дека членовите на администрацијата кои професионално си вршат работата не само што ќе ја имаат мојата целосна поддршка, туку ќе се заложам за нивно унапредување за да го добијат местото што го заслужуваат. Сите останатите кои никогаш не се појавиле на работните места и земале плати ќе ги повикувам сами да се повлечат и да се одјават од нивните работни места, кажа Касами.

Слични содржини