Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска оствари средба со директорот Сенад Амети и инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Како што извести, разговарале за појавениот правен проблем околу верификацијата на мандатите на новите советници.
„Министерството денес ќе побара од сите единици на локалната самоуправа да го почитуваат Уставот и законите на оваа држава и нема да дозволиме незаконско работење на советите“-напиша Милевски на социјалната мрежа Фејзбук.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип го чека инспекцискиот надзор од Министерството за локална самоуправа, откако синоќа министерот за локална Милевски го најави за општините Штип и Аеродром, за дадените свечени изјави со Република Македонија, а не со уставното име Република Северна Македонија.