Откако денеска се одложи судското рочиште против градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, тој на прашање на новинарите зошто веќе три години се одоговлекува процесот против него, им одговори дека се смешни.
„Смешно е прашањето. Секогаш сме се јавувале на сите рочишта и на сите рочишта ќе присуствуваме”, кажа Јакимовски.
Во одговорите на пршањата тој додаде дека е новинарите оркестрирано од еден центар дошле со внимание да го следат рочиштето.
„Очигледно, сите сте дошле оркестрирани од еден центар како медиуми. Чесно сме работеле јас и моите вработени. Чисти сме како солза“, кажа Јакимовски
По одложеното судење тој напиша статус на социјалните мрежи каде вели дека повеќе од две години е по судските врати и никогаш немало медиумска заинтересираност.
„Повеќе од две години сум по судските врати и никогаш немало медиумска заинтересираност. Денешното рочиште беше медиумски однапред најавувано и пред судот и внатре ме чекаа 15-тина камери.Јасно дека се организирани од еден центар. Па нели вака правеше режимот?Очекувам и наративот во извештаите да биде со иста или слична содржина.Јасно е дека некој не може да се помири со поразот на локалните избори. Откако одлучив да се кандидирам на 16 февруари 2013 година до денес ми претат со затвор и постојано се обидуваат да ја остварат својата цел.
Нема проблем ние ќе одиме по затвори, ако треба и да умреме, да молчиме, само тие да не работат, да уживаат, да седат по кафани и да си земаат тоа што мислат дека е нивно.Е сега повторно сме им криви и јас и народот.Јасно ми е како ден, секој ден ќе ме плукаат, ќе ме навредуваат, ќе ме прогонуваат како што правеа од 2013 до 2017 година, ќе држат пресови и протести пред вратите на општината и пак ќе бидам црн ѓавол, а јас им пружив рака и јавно им пратив покана за соработка.Нека тие мене со камења а јас нив со леб!“, напиша на Јакимовски.
Градоначалникот денеска седна во обвинителна клупа за случајот во кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, рочиштето се одложи бидејќи родителите на неговиот адвокат биле заболени од коронавирус. Според Јакимовски, адвокатот имал интензивен контакт со нив