429
МВР соопшти дека денеска уапсен е Е.Т.(30) од Долно Количани, на локалниот пат меѓу скопските села Долно Количани и Горно Количани, врз основа на судска наредба.
Како што велат од полицијата, за него била распишана централна потерница за издржување мерка притвор, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на притворот.