Апасиев: Имаме мнозинство од 61 пратеник

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вечерва пред Собранието потврди дека е формирано ново парламентарно мнозинство.

-Да, имаме ново мнозинство. Тоа е официјално. Го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса, Алтернатива и БЕСА. Имаме 61 пратеник, со тенденција да дојде до 64, информира Апасиев во изјава за ТВ „Клан Македонија“.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави од Собранието дека е постигнат договор за ново парламентарно мнозинство.

Слични содржини