Најмалку 8 загинати по стампедото на фестивалот во Хјустон (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
449 прегледи

Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени ноќта на отворањето на големиот музички фестивал Astroworld во Хјустон во сојузната држава Тексас, јавуваат американските медиуми повикувајќи се на властите.

На лице место се забележани десетици амбулантни возила, здравствени работници и друг персонал, јавува локалниот огранок на АБЦ.

Противпожарната служба во Хјустон на Твитер соопшти дека нивните екипи се на лице место откако биле информирани за „повеќе повредени цивили“.

Според надлежните од противпожарната служба, кардиопулмонална реанимација е извршена на најмалку две лица.

Третиот годишен фестивал привлече голем број посетители, од кои некои не сакаа повеќе да чекаат да се отворат портите и да влезат во просторот ограден и наменет за фестивалот.

Голем број посетители беа повредени во трката и притискање за што поскоро да поминат низ портите и да влезат.

Слични содржини