По здружувањето со ВМРО-ДПМНЕ, Апасиев го цитира Ленин

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по синоќешното здружување на силите со ВМРО-ДПМНЕ, АА и БЕСА, како своевидно оправдување го цитираше Владимир Илич Ленин.

Партиите синоќа објавија дека обезбедиле 61 пратеник, со можност таа бројка да стигне до 64.

Левица и самиот Апасиев на неколку наврати во минатото јавно соопшти дека нема да прави коалиции со „извалкани“ партии, но очигледно „зборот е тука за да се погази“.

„Во политиката не може да се победи ако не си се научил правилно да настапуваш и правилно да отстапуваш“, напиша Апасиев.

Слични содржини