Демократски сојуз е на став дека нема да учествуваат во политичка влада со ново парламентарно мнозинство, туку ќе се позиционираат како опозициона политичка партија, изјави Павле Трајанов претседател на Демократски сојуз во емисијата “Стадион“ во Радио Канал 77.
„Јас сум за лидерка средба на која ќе се дефинираат стратешките интереси на државата, понатаму каква влада ќе се формира, преодна влада, техничка, пржинска која што ќе има мандат да ја држи стабилноста на државата, да продолжи со најважните реформски процеси, да не ни ја затворат и натаму вратата за отпочнување на преговорите со ЕУ бидејќи има силни најави дека тоа ќе се случи во декември. Но независно од сите овие работи, велам мора сите овие интитуции да функционираат со полн капацитет, да преовладува разумното рационално однесување на сите лидери на партии, па и граѓаните во целина со цел да ја задржиме стабилноста на државата. Важно е како сето тоа ќе се одрази на бизнисот, стопанството, пандемијата, енергетската криза и многу други аспекти битни за перспективата на Македонија и како и на кој начин ќе се одвива целокупниот живот во оваа држава“, вели Трајанов.