341
Американскиот федерален апелационен суд во саботата ја суспендираше обврската за вакцинација наметната од претседателот Џо Бајден на вработените во компаниите со повеќе од 100 луѓе, велејќи дека е потребно повеќе време за да се анализираат можните „сериозни уставни и процедурални проблеми“.
Мерката на американскиот претседател бара десетици милиони вработени да се вакцинираат против Ковид-19 до 4 јануари, во спротивно ќе мора редовно да се тестираат.
Мерката беше објавена во средината на септември, а беше усвоена оваа недела. Но, веднаш беше испратено на евалуација до судовите, меѓу другите во Тексас, каде што владеат републиканци кои се противат на секоја обврска за вакцинација за борба против пандемијата.