БЕГСТВО ОД ЦИРКУС: Камили се прошетаа низ Мадрид (ВИДЕО)

од Берта Китинска
539 прегледи

ОСУМ камили и лами утрово побегнале од циркус и прошетале по улиците на шпанската престолнина Мадрид, соопшти полицијата.

Претставник на циркусот „Квирос“ ги обвини активистите за правата на животните за саботажата, бидејќи тие биле забележани утринава околу пет часот во јужниот кварт Карабранкел, во близина на местото каде што се наоѓа циркусот, јави Би-Би-Си.

Полицајците се грижеле за животните и нивното „безбедно и здраво“ враќање во циркусот, а претставникот на циркусот „Квирос“ рекол дека му олеснало што животните се пронајдени.