Mасовна акција на чистење oд Бразда до Бродец

од Vladimir Zorba
526 прегледи

Над 130 љубители на природата од селата Бразда до Бродец, ученици од селата Сандево, Кучевиште, Побожје како и активисти од Скопје, учествуваа во масовна акција на чистење.

Собраа над 100 вреќи со разни отпадоци од пластика и алуминиум. Општинското комунално претпријатие со вонредна акција го собра отпадот .

Иницијаторот на акцијата , г-ѓа Мери Пејоска со свои средства обезбеди и донира кеси, ракавици, колички и фаќалки за смет а друг донатор обезбеди сендвичи за вредните ученици.

Акцијата траеше неколку часови .

– Акцијата беше исклучително успешна во својот обем и испратена порака а на следната акција очекуваме да ни се придружат и локални жители во уште поголем број – рече иницијаторот. Честитки за децата и нивниот благороден подвиг, треба да бидат горди на себе, затоа што главната поента беше токму подигање на свеста за зачувување на околината кај најмладите. Наредните денови ќе поделиме признанија за учениците и нивните училишта. Новото раководство на општината исто така ја подржа акцијата и се надевам дека во идните акции ќе помогнат повеќе. Покрај ваков одзив и упорност за истрајност во намерата, силно се надевам и верувам во скоро прогласување на Скопска Црна Гора за чиста планина, уште повеќе дека ќе дадеме позитивен пример за повеќе слични граѓански иницијативи наместо безкорисни критики или незаинтересираност, вели организаторот на акцијата.

Слични содржини