Многу е мал процентот на иницијативи на ДКСК коишто се прифаќаат. За кривичната пријава за лицата од ДИК кои учествувале во тендерот за печатени материјали за гласање ние уште тогаш напоменавме дека можно е да истечат роковите. Можно е сега да играат и на таа карта. Важно ние сме ја предале додека не бил истечен рокот. Ние повикуваме и до Европската комисија. Намалување на криминалот и корупција и недолично однесување зависи од сите чинители во општеството. Ако сакаме ние да направиме едно општество добро за сите, тогаш тоа само од нас зависи и од никој друг, вели во интервју за РСЕ Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупција.
Посочува и дека Владата треба да биде многу рационална во трошењето на буџетските средства за кампањи за борба против корупцијата, откако и самите тие спроведуваат таква.
– Меѓутоа нели одговорноста за трошењето на парите е нивна. Но, сепак мислам дека најдобар пример и најдобра кампања на Владата за борбата против корупцијата е нивниот личен пример и нивните политики што ги водат, така што ниедна кампања, не знам колку пари и да потрошат, не може тоа да го покрие. Што значи дека лично мислам дека Владата не треба да води такви кампањи, вели Ивановска.