Едногласно Централниот одбор го овласти претседателот Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии, како важен и одлучувачки фактор по парламентарните и локалните избори, а со цел да се задржи прогресивниот пат и евроатланскиот курс на државата, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи по завршувањето на состанокот во Тетово.
-Овластувањето се однесува на разговори со политичките партии со двата блока, освен оние кои директно се против евроатланскиот курс и против стратешките интереси на граѓаните и на државата. Со тоа овластување кое го има од Централниот одбор, Ахмети продолжува да разговара со претставниците на другите партии со цел да се одржи политичката стабилност, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи по завршувањето на состанокот во Тетово.
Како што додаде, целта на преговорите е државата да оди напред, на патот кон реформите и во блиска консулатација со стратешките партнери.