Вучиќ: Направивме грешка, невакцинираните не требаше да ги лекуваме бесплатно

од Берта Китинска
1,8K прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја прими третата доза од кинеската вакцина Синофарм против Ковид-19 и го повтори апелот за вакцинација, оценувајќи дека државата погрешила што и вакцинираните и невакцинираните граѓани ги лекува во болниците бесплатно.

Во директен ТВ пренос, пред камерите на неколку телевизии со национална фреквенција, Вучиќ рече дека презема дел од вината што државата „навреме“ нема „најпаметни решенија“ во борбата за сузбивање на епидемијата. .

Србија досега има вакцинирано повеќе од три милиони луѓе, а извештаите на лекарите од одделението за ковид покажуваат дека петтиот бран на коронавирус има исклучително висок процент на невакцинирани пациенти кои завршуваат на интензивна нега.

„Да го направевме тоа, ќе имавме подобри резултати во вакцинацијата.Можевме, без да бидеме против Уставот, бесплатно да ги лекуваме вакцинираните лица, а невакцинираните бесплатно, но само до нивото на платени годишни здравствени придонеси, а остатокот да се плаќа. Тоа би било апсолутно фер“, им рече Вучиќ на новинарите. .

Слични содржини