Проф. Димитров: Мицкоски е Груевски под друго име и презиме

од Vladimir Zorba
878 прегледи

Димитар Димитров, поранешен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, амбасадор во Руската федерација, министер за образование и наука во првата експертска влада и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во разговор за „Слободна ТВ“ вели дека „Мицкоски е Груевски под друго име и презиме“.

-Пржинските договори го означија судбинското поврзување на ЕУ со Македонија и го погодија груевизмот, тој режим беше негација на владеење на правото. Човечки беше да се признае грешката и да се прифатат консеквенците од грешката, да се промени ставот, да се извлече поука и да се поправи ставот. За жал ВМРО-ДПМНЕ не го направи тоа, и лидерот и целото раководство, и тоа беше кобно оти така ја спротивстави Македонија на целиот европски процес. Извлекуваше заклучоци дека ние сме изолирани оти Европа си има други приоритети. Така произлезе дистанцирање на сопствената земја и т.н. повторување на делото. Наместо корекција следуваше старата позиција на деструкција. Имаше обиди за реформи во партијата, но беа замолчени. Верувам дека и денес таа партија ја води човек осуден за криминал, а Мицкоски е Груевски под друго име и презиме, вели Димитров.

Слични содржини