Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами и партискиот генерален секретар Арјанит Хоџа се сретнаа со францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер.
Од прес-служба на Беса информираат дека на средбата бил повторен партискиот став дека земјата никако не треба да го менува својот политички дискурс наспроти интегративните процеси и во исто време постојано да работи за доброто на државата.
– Како политичка партија ја изразивме нашата загриженост да не се прекрши пресудата што ја донесе народот на 17 октомври и 31 октомври. Со господинот Бомгартнер разговаравме и за политичката ситуација создадена во последните денови. Го повторивме нашиот став дека земјата никогаш не треба да го менува својот политички дискурс наспроти интегративните процеси и во исто време постојано да работи за доброто на земјата. Амбасадорот на Франција го поздрави ставот на Движењето БЕСА, нагласувајќи дека единствениот пат за Македонија е ЕУ, се вели во партиското соопштение.
Од Движењето Беса посочуваат дека и страните се договориле и во иднина да одржуваат вакви пријателски средби.