ЕУ соопшти дека нема убедливи докази за ризик од рак кај оние кои носат синтетички маски за лице, со апел до луѓето да продолжат да ги носат.
Маските за лице се сметаат за клучен лек против ширењето на коронавирусот и станаа дел од секојдневниот живот на милиони луѓе ширум светот, но студијата спроведена во Белгија предупредува дека маските можат да бидат канцерогени, пренесува Ројтерс.
Во октомврискиот извештај на белгиското јавно здравствено тело Sciensano се наведува дека во маските бил откриен титаниум диоксид (TiO2), потенцијално опасна супстанција.
Титаниум диоксидот се користи како бела боја и средство за матирање во маските и во текстилната индустрија, како и за заштита од сонце во боите, но го има и во прехранбените производи како супи и гуми за џвакање.
Европската комисија соопшти дека во моментов нема докази кои сугерираат дека присуството на титаниум диоксид во маските за лице претставува ризик по здравјето и препорача нивна континуирана употреба.