1,1K
Легендата на Барселона Чави Ернандез вчера беше промовиран во тренер на каталонскиот клуб како своевиден спасител, а првиот потег го направи уште истиот ден.
Тој го отпушти главниот физиотерапевт на тимот, Хуану Брау, бидејќи тимот се соочи со голем број повреди.
Како главен виновник беше посочен Брау бидејќи дури 15 играчи се здобиле со повреда на мускулот.
Се шпекулира дека и главниот лекар би можел да добие отказ, бидејќи Чави на таа позиција го сака Рикардо Прун, човек кој беше со тимот во текот на целата негова играчка кариера, сѐ до 2020 година.