Мицкоски и Ахмети на средба, се разговарало за гласањето доверба на Владата

од Берта Китинска
1,K прегледи

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, вчера оствариле средба.

Според информациите во медиумите средбата се одржала на барање на Ахмети.Тема на разговор било прашањето околу четврточното гласање за доверба на Владата на СДСМ/ДУИ, за што до собранието беше поднесена иницијатива потпишана од 61 пратеник.

Од ДУИ ја потврдуваат средбата додавајќи дека  била „информативна, за да се слушнат ставовите на господинот Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.“

Премиерот и лидер на СДСМ вчера попладне во Собранието имаше средби со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Џафери го повикал Заев лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата и за следните деловнички чекори.

Слични содржини