Британија издвојува 283 милиони долари за Rolls-Royce

од Vladimir Zorba
422 прегледи

Обединетото Кралство издвои 283 милиони долари за да му помогне на Rolls-Royce да го изгради првиот мал модуларен нуклеарен реактор во земјата, како дел од напорите за постигнување нулта емисија на јаглерод.

Постигнувањето на оваа цел до 2050 година ќе бара огромно зголемување на производството на енергија со низок јаглерод, како што се ветерот, сончевата и нуклеарната енергија, објави Ројтерс.

„Малите модуларни реактори нудат возбудливи можности за намалување на трошоците и забрзување на производството, осигурувајќи дека можеме да внесеме чиста електрична енергија во домовите на луѓето и дополнително да ја намалиме нашата веќе намалена употреба на фосилни горива“, рече министерот за економија и енергија Кваси Квартенг.

Британија, исто така, има за цел да го зголеми бројот на работни места во „чистата технологија“, како дел од нејзината таканаречена зелена индустриска револуција, и рече дека се обидува да ја намали зависноста од фосилни горива во среде глобалниот скок на цените на гасот. пренесе Танјуг.

Слични содржини