Акциите на Tesla паднаа речиси пет отсто откако извршниот директор Елон Маск изјави дека ќе продаде 10 отсто од акциите во компанијата, што е околу 20 милијарди долари според бројни проценки, а сето тоа се заснова на резултатите од анкетата што ја спроведе на Твитер минатиот викенд.
Според аналитичарот Даниел Ајвс, Маск поседува околу 23% од акциите на Tesla и има околу 10 милијарди долари даноци од акциите што ќе се наплатат следното лето, пренесе АП.
– Имам само акции, па единствен начин да платам даноци е да ги продадам акциите – твитна Маск.
Најголем дел од богатството на Маск се состои од акциите на Tesla.
Многумина на Волстрит претпоставуваа дека Маск може да продаде близу пет проценти од својот удел, додаде Ајвс, но изјави дека дури и удвојувањето на таа бројка не го загрижува Маск или неговата компанија.
Ајвс неодамнешната анкета на Маск на Твитер ја нарече „уште една бизарна сапуница, која може да и се случи само на една компанија и на еден извршен директор во светот – Маск“.