Компанијата за вселенски патувања Virgin Galactic во понеделникот објави дека од август продала околу сто билети за вселенски патувања за 450.000 долари.
Претходно, компанијата продаде вкупно околу 600 резервации по цена од 200.000 до 250.000 долари.
Новата цена е „добро примена“, соопшти компанијата во соопштението за печатот, потсетувајќи дека нејзината цел е да продаде 1.000 билети пред да го започне својот прв комерцијален лет кон крајот на 2022 година.
„Се движиме кон период на подобрување на флотата со јасен план како да ја зголемиме издржливоста, доверливоста и предвидливоста на нашите комерцијални сервисни авиони во текот на следната година“, рече Мајкл Колглeјзер, извршен директор на Virgin Galactic.
„Побарувачката за вселенски патувања е многу голема и ние продаваме седишта побрзо отколку што очекувавме“, додаде тој.
Virgin Galactic го одложи својот прв комерцијален лет за три месеци, првично планиран за средината на октомври. Планиран е за последниот квартал од 2022 година, период во кој ќе се работи на зајакната безбедност на авионите.
Компанијата во понеделникот потврди дека е „на добар пат“ да направи вселенски лет во предвидениот период.
Конкуренцијата меѓу милијардерите за превласт во вселенскиот туризам е во полн ек.
Таму, заедно со Ричард Бренсон и Џеф Безос, е и компанијата SpaceX, на Елон Маск, која во септември успешно испрати четири вселенски туристи во вселената на три дена.
Од Virgin Galactic велат дека нивната ликвидност се уште е речиси милијарда долари и дека ќе можат да ги финансираат сите нивни операции додека не станат профитабилни.
Во третиот квартал од оваа година, компанијата забележа нето загуба од 48 милиони долари, помалку од 92 милиони долари изгубени во истиот период во 2020 година.