Поради мигрантите Литванија воведува вонредна состојба на границата со Белорусија

од Milan1
297 прегледи

Поради кризата со мигрантите литванската влада одобри воведување вонредна состојба во регионите кои граничат со Белорусија.

„Одлуката е донесена земајќи ја предвид влошената ситуација во пограничниот регион, поради што е доставена на одобрување до парламентот“, изјави литванската премиерка Ингрида Симонита, а јави руската агенција ТАСС.

Според предлогот на литванското Министерство за внатрешни работи, вонредната состојба ќе стапи на сила на 10 ноември на полноќ во пограничната област и на пет километри од таа област, како и на места за мигрантите од африканските и азиските земји кои влегле Литванија преку Белорусија.

 

Слични содржини