Богоевски: Заев треба многу добро да размисли што ќе направи

од Берта Китинска
527 прегледи

Извесно е дека мнозинството на Мицкоски е непостоечко, вели поранешниот пратеник Павле Богоевски во Студио 10 на ТВ24.

-Тоа што е сигурно сега дека не се 61 со Мицкоски, туку 60 пратеници, а можеби се и помалку. Се работи за математика од еден до двајца пратеника, од едната на другата страна. Мицкоски за 5 дена победничката атмосфера во ВМРО-ДПМНЕ од изборите ја втурна во пораз.

Во врска со одлуката на Заев да се повлече од позицијата, Богоевски  вели дека Заев треба многу добро да размисли што ќе направи

-Со само најавување на оставката на Заев, Мицкоски и опозицијата успеаја државата да ја втурнат во криза и тоа само за 5 дена. Одлуката на Заев е само негова, но мислам дека треба многу добро да размисли што ќе направи. Клик-клак политиканство од ова што го практикува Мицкоски во последниве сега не ни е потребно, ужасно ни е штетно, објаснува Богоевски.

Слични содржини