476
Руската енергетска компанија Гаспром почна да испорачува природен гас во пет подземни складишта во Европа за ноември, потврдија денеска од компанијата, пренесува Анадолија.
„Гаспром го одобри планот за испорака на гас до пет подземни складишта во Европа за ноември и започна со негово спроведување”, се вели во соопштението.
На 27 октомври, рускиот претседател Владимир Путин му наложи на Гаспром да ги зголеми своите испораки на природен гас до складиштата во Европа, откако ќе ги наполни руските складишта.
Ова треба да понуди олеснување за европскиот пазар на гас, кој доживеа скокови на цените и недостиг при снабдувањето.