Познатиот боксер Флојд Мејведер ги „смири“ сите сметки со големата TikTok ѕвезд, Галиен Набил и тие двајца повторно се пар. Веќе беа заедно во текот на 2016 година, а американските медиуми пренесуваат дека повторно ги виделе заедно.
Богатиот боксер прво беше забележан со својата избраничка во центарот на Лос Анџелес, а потоа и на натпреварот помеѓу Лејкерс и Хјустон Рокетс.
Уште порано Мејведер стана познат по покажувањето на својот луксузен и развратен живот. Со претходната девојка Ана Монро раскина пред само неколку недели и не бараше долго „утеха“.
Монро ја запознал во еден од неговите клубови, таа очекувала да се омажи за боксер и да основаат семејство, но пред неколку недели решиле да се разведат.
Новата девојка има речиси 700.000 следбеници на Instagram и 1.300.000 на TikTok, каде собрала над 10.000.000 лајкови. Ќе видиме дали вториот пат ќе биде „посреќно“.