Кандидатот за бугарски претседател Лозан Панов во посета на Скопје

од Vladimir Zorba
346 прегледи

Независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов денеска ќе го посети Скопје, каде според најавите ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“.

Предвидено е Панов да биде примен и од специјалниот владин претставник за Бугарија и поранешен премиер Владо Бучковски.

Панов пред посетата на Скопје, во изјава за дописникот на МИА од Софија рече дека „им подава рака на соседите“, оценувајќи дека оние кои односите меѓу Бугарија и Македонија ги доведоа во ќорсокак, сега го користат тоа во предизборната кампања.

Тој истакна дека е подготвен да го преземе ризикот од својата постапка, бидејќи во моментов „европската иднина на регионот е тест за интегритетот на секој политичар, без разлика на која страна од границата се наоѓа“.