1,K
Попладнево од Кабинетот на претседателот на Собранието информираа дека пристигнато е известување со кое 17 пратеници ги повлекуваат потписите од иницијативата за доверба на Владата.
„Информираме дека до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници“, се вели во соопштението.