Тачи: Најдобрата вест е дека оваа Влада продолжува и на 15-ти декември ќе добиеме датум

од Берта Китинска
2,K прегледи

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во изјава за ТВ 24 кажа дека мнозинството е стабилно.

– Премиерот ќе продолжи, мнозинството е стабилно. Го овластивме премиерот, нормално, ќе разговара и со други политички групации или пратеници да имаме уште поголемо мнозинство. Конечно најдобрата вест е дека е оваа Влада и ова мнозинство продолжува и на 15-ти декември се надевам, 99,9 посто, ние ќе добиеме датум, рече Тачи.

На прашањето дали на средбата имало претставници од БЕСА, Тачи одговори:„Сите беа тука,  некои беа со лидер некои беа со претствници“.

Слични содржини