Финансова полиција влезе во домот на Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
706 прегледи

Утринава преку  Фејсбук,  пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, објави дека во неговиот дом упаднала Финасова полиција.

-Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!, објави пратеникот на фејсбук.

Денеска во Собранието со почеток во 11 часот е закажана седница на која треба да се гласа за доверба на Владата. Седницата ќе трае најдоцна пред полноќ.