Netflix ја „откри“ Јужна Кореја: По успехот на Squid Game, доаѓа нова серија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Откако Squid Game стана најгледаната серија на Netflix, челниците на стриминг платформата одлучија дека е идеално време да им понудат на гледачите повеќе јужнокорејски содржини, па се подготвуваат да објават уште еден ветувачки проект.

Овој пат се работи за хорор серијата „Hellbound“, поддржана од Јеон Санг-хо, најпознат по одличниот филм „Train to Busan“ и нешто помалку одличното продолжение „Peninsula“.

Заплетот е сместен во една од верзиите на Сеул кои го тероризираат орди од димни чудовишта, а во центарот на приказната е религиозна организација наречена „Нова вистина“ која ја презема контролата и почнува да ги пренесува пораките на чудовиштето. Штом некој се осмели да ги преиспита нивните идеи и порака, тој многу брзо станува жртва. Тоа предизвикува хаос во градот.

Во секој случај, Netflix продолжува да го следи долгогодишниот тренд на популаризација на јужнокорејската кинематографија во светот, од култниот Oldboy до Parasite, кој доби и Оскар за најдобар филм. Покрај тоа, почнаа да снимаат преработки на јужнокорејски филмови, па Time to Hunt ќе ја добие англиската верзија.

Но, тие не се сами. Apple TV + неодамна ја објави својата прва јужнокорејска хорор серија, Dr. Brain, поддржана од режисерот на класиците The Good, The Bad, And The Weird и I Saw The Devil – Ким Џи-Вун.

Слични содржини