Меган Маркл и принцот Хари синоќа присуствуваа на гламурозна гала забава по повод Денот на ветераните во САД и Денот на примирјето во Велика Британија.
За таа прилика Меган облече огнено црвен фустан од Каролина Херера со долг шлеп и прорез на страна. На нозете носеше соодветни штикли од Џузепе Заноти од сатен од 350 долари.
Принцот Хари носел костум и машна, а на реверот орденот на Витез командант на кралскиот викторијански ред и ѕвезда. Тој го доби овој медал од кралицата како признание за неговата исклучителна лична служба во монархијата.
Новинарите ја прашале Меган дали е горда на својот сопруг, а таа одговорила:
„Секогаш сум горда на него!“
Принцот Хари нагласи дека сега „го живее американскиот сон“.
Сè уште никому не му е сосема јасно што прави Хари во Америка и од што живее неговото семејство. Неодамна излезе нивната нова книга, како и книгата бајки на Меган Маркл. Тие се прославија со интервјуто со Опра Винфри кое го крена светот на нозе.