Секретарот на Советот за безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, како одговор на предлогот на германски експерт за распоредување мигранти од Белорусија во Украина и како што јавуваат светските медиуми, предложил, германските пратеници да ги однесат дома.
„Ние во Советот за национална безбедност и одбрана ја разгледавме таа изјава на господинот Шмид. Имаме предлог германските социјалдемократи да однесат двајца, тројца, пет мигранти, ако нема доволно простор во Бундестагот нека ги однесат дома“, рече Данилов, коментирајќи го предлогот на експертот за надворешна политика во германскиот Бундестаг, Нилс Шмит, Украина да ги преземе мигрантите од полско-белоруската граница.
Претходно министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирски изјави дека во случај на сценарио за „вештачко“ движење на мигрантите кон границата на неговата земја, реакцијата на безбедносните сили ќе биде остра.