Црвен крст со парична помош за семејствата на загинатите лица во модуларната болница во Тетово

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжуваа и понатаму да им даде поддршка на семејствата чии членови загинаа во пожарот кој во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово во кој животот трагично го загубија 15 лица.

Еднократната парична помош која беше соопштена на јавноста е веќе реализирана, средствата се веќе префрлени на трансакциските сметки на семејствата на загинатите лица, со што е даден скромен придонес во ублажување на последиците од настанатата трагедија, соопштуваат оттаму.

Со овој хуман чин се искажа висока општествена одговорност и грижа за населението во услови кога им е најпотребна

Слични содржини