Николоски дрзок кон новинарите, Мицкоски го спореди Реџепи со покојниот Амди Бајрам

од Берта Китинска
1,7K прегледи

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, веројатно се уште несвесен дека неговата партија не обезбеди парламентарно мнозинство да ја собори Владата, започна дрско и арогантно да се однесува со новинарите и медиумите.

Запрашан за изјава по необезбедувањето на 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, тој одби да одговори и се пожали дека новинарите некоректно се однесуваат со него.

„Некоректно е, многу е некоректно. Ви кажав ќе ви дадам изјава после, некоректно ме прашувате со камери“, рече Николоски.

Претходно и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски избезумен, морбидно пратеникот Кастриот Реџепи кој не се појави денес во Собранието, го спореди со покојниот Амди Бајрам.

Слични содржини