Апасиев: Бараме еден час пауза Џафери да се врати и да продолжи ја води седницата

од Берта Китинска
356 прегледи

Барам еден час пауза да дојде претседателот и да продолжи ја води седницата затоа што не се исполнети деловничките услови тој да отсуствува од истата, рече од собраниската говорница пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

Во кусото обраќање тој побара Талат Џафери да се врати во салата и да ја води седницата. Апасиев се повика на собранискиот Деловник.

„Според членовите 60 и 61 од Деловникот, претседателот на Собранието  свикува и одржува седница, а потпретседателите на Собранието му помагаат. Во случај на спреченост или отсустност на претседателот на Собранието него го заменува еден од потпретседателите. Значи, Деловникот познава две ситуации – спреченост и отсутност. Видовме дека претседателот Џафери е присутен во зградата, затоа барам еден час пауза тој дадојде и да ја води седницата“, рече Апасиев.

Слични содржини