Сточарот Светомир (61) со голи раце задавил волк

од Milan1
1,3K прегледи

Во пиротското село Копривштица, поточно во Главина кај Завојското Езеро, во Србија ноќта меѓу вторникот и средата се одвивала вистинска драма во стадото на Светомир Потиќ Цена (61), кога волк упаднал меѓу стотина кози, пренесува српскиот весник „Новости“.

Со цел да го спаси стадото овој сточар кој станал од креветот откако го слушнал лаењето на кучињата, почнал да се бори со 40 килограми тешкиот волк.

Тој влегол во стадото со голи раце, а кога ѕверот се обидел да се вовлече под оградата и да замине со пленот во устата, Светомир го фатил волкот за задната нога и почнал да го влечи и да се бори со него, при што се здобил со тешки повреди, бил гризнат за рацете и нозете и сега се опоравува во пиротската болница.

Откако во борбата за живот и смрт, успеал да го задави волкот целиот крвав и со тешки повреди, седнал во својата „лада нива“, отишол во селото и ги повикал роднините да му помогнат, односно да побараат итна медецинска помош.

– Утринава беше околу четири и пол, кога со треперлив глас ме повика мене и татко ми. Знаев дека има некаков проблем и неволја штом се појави во тоа време. Кога ја отворив вратата, видов дека едвај стои и дека е целиот крвав. Накратко ми кажа дека се борел со волк за да го спаси стадото од стотина алпски кози, од кои живее. Тој рече дека некаде по полноќ слушнал лаење на кучиња, па веднаш станал и отишол до стадото. На негово чудење меѓу козите имало и волк, кој се обидел да побегне со пленот во вилиците, но тој успеал да го фати за задната нога и да го повлече назад. Потоа имало борба меѓу него и волкот. Не знаеше ни да ми каже колку траело сето тоа, но дефинитивно за него беше цела вечност. Беше блед како свеќа. Дојде брза помош од Пирот, го однесоа во болница и сега се опоравува, вели неговиот сосед и братучед Ивица Најдановиќ.

Слични содржини