Мешавина од домашно куче и волк: Ова „кутре“ на тримесечна возраст тежи 16 килограми

од Stefanija Kuzmanovska

Не се сите кученца мали и слатки – некои се големи и слатки. Таков е хибридот на домашно куче и волк кој на тримесечна возраст тежи 16 килограми.

Ветеринарката од Флорида Линдзи Бацер објави видео на кое ја гледаме како го држи во раце, а потоа на своите следбеници кои ги има повеќе од 150 илјади на таа социјална мрежа им објаснила нешто повеќе за него.

Кучето се вика Сајрус, многу е слатко и сака да си игра со други кучиња, како и сите кученца. Таа објаснила дека тој е помал од неговите браќа и сестри. Таа добро го знае тоа, бидејќи сите дошле во нејзината ординација со своите сопственици за да се вакцинираат.

@dr_lindsaybutzer Wolf Hybrid puppy! • #wolf #wolfhybrid #wolfpuppy #wolfhybridpuppy #wolfpuppies #wolves #wolfdog #animals #wolfhusky #wolfhuskypups #wolfpack #veterinarian #floridaveterinarian #dogsofttiktok #animalsoftiktok #fyp ♬ One Kiss – Calvin Harris & Dua Lipa

Се очекува да тежи најмногу 50 килограми, што е нормално за овој вид, но не повеќе од тоа. Јасно е, ако сопствениците ги хранат правилно и се грижат за доволно количество физички активности.

Интересно е што овој тип на мешана раса е дозволен во тој дел од светот. Сепак, тие не се сметаат за домашни миленици како другите кучиња, туку законот ги третира како диви животни. Тоа значи дека нивните сопственици мора да добијат посебна дозвола за да ги имаат дома.

Слични содржини