Беса е силен збор кај Албанците, меѓутоа што да кажеме за БЕСА што учествуваше на заедничката листа со СДСМ. Каде е тука „бесата“ на БЕСА?, прашува поранешниот министер и градоначалник, Андреј Жерновски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според него, кога одите самостојно на избори, имате право да одлучувате за гласовите што сами сте ги освоиле.
-Кога сте на заедничка листа не можете да ги земете и да ги носите во купчето на опозицијата и да кажете дека се борите против злото. Во опозицијата има политичари кои еден со друг немаат заедничка основа, порачува Жерновски.
Тој посочува дека опозициските лидери плус БЕСА требале да објават дека собрале 61 пратеник за нова Влада.
-Што ќе правите не знаеме, прво ќе ја бутнеме, а потоа ќе видиме што ќе правиме. Поинаку се оди. Тие не го направија тоа, додаде Жерновски.