Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва на својот Фејсбук профил објави дека пропаднал обидот за отстапување од стратешките определби на земјава, откако беше затворена собраниската седницата за изгласување недоверба на Владата.
– Обидот за отстапување од нашите стратешки определби вечерва пропадна продолжуваме со уште поголем интензитет во заокружувањето на целите за подобар и позелен живот на нашите граѓани. Честитки на сите!, напиша Османи.