Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи кој со своето откажување од Иницијативата, го спречи падот на Владата денеска преку Фесјук информира дека сите детали ќе ги открие во понеделник.
„Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за се. Во однос на медиумите и интересот ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно“, напиша Реџепи.