Хоџа: Подготвени сме да се споиме со Алијанса и Алтернатива и заедно да излеземе на избори

од Берта Китинска
604 прегледи

На прашање дали Беса ќе се приклучи кон Владата или ќе биде во опозиција во парламентот, генералниот секретар на Беса и досегашен министер за земјоделство Арјанит  Хоџа рече дека за тоа одлуки ќе носи партијата, чекор по чекор.

Во врска со евентуалното влегување на партијата Алтернатива во Владата, Хоџа рече дека „тоа би било самубиство, да се влезе во Влада каде што е и ДУИ“.

„Секој влез во ваква влада, во која е и ДУИ, е самоубиство за која било партија. Ние сме подготвени да се споиме и со Алијанса и со Алтернатива во еден блок и заедно да излезема на избори“,рече Хоџа.

Слични содржини