Полициски синдикат ја оспори затворската казна за полицаецот од Битола кој претепа Ром

од Nikola Popovski
554 прегледи

Македонскиот полициски синдикат (МПС) реагира на затворската казна за полицаецот од Битола, кој пред повеќе од година дена истепа тепа Ром пред Поштата во градот. Според нив, за овој случај веќе се превземени сите мерки од страна на адвокатскиот тим на МПС се со цел низ институциите да се докаже вистината за тоа што точно се случило на 21 Септември 2020 година во Битола.

-Сметаме и цврсто сме уверени дека со ваквата Пресуда на Судот при одмерување на казната не се земени во предвид околностите дека оштетениот во критичниот момент бил под дејство на алкохол и агресивно се однесувал за што се води и кривична постапка против него за кривично дело по член 383 од КЗ, која пак е  во привична фаза односно наредните денови е закажано првото судко рочиште додека нашиот колега е експресно осуден. Исто така не е замена во предвид и досегашна судска пракса која до сега била изрекување на условна осуда за полициски службеници дури кога е утврдена употреба на прекумерна сила при пречекорувањето на полициските овластувања.
Со оглед на погоренаведеното Македонскиот полициски синдикат под итно сака да иницира јавна дебата околу ова прашање, стои во реакцијата на МПС.

Полицаецот заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот беа суспендирани од работа.

За овој инцидент јавноста дозна, откако на социјалните медиуми вирално се рашири видео снимка на која може да се види како полицијата брутално тепа едно лице на улица.

Слични содржини