Вчера не успеа интерпелацијата поради тоа што не се одржа зборот. Ако сте дале потписи за иницијатива, мислам дека треба да размислите двапати, вели лидерот на Алтернатива и пратеник, Африм Гаши во емисијата „360“.
Според него, кога сте дале потпис треба да мислите на достоинството на функцијата пратеник, кое треба да биде поврзано со тој процес.
-Сметам дека се работи за будалаштина, предавство од пратеник кој се потпиша, а потоа не се појави, потенцира Гаши за исчезнувањето на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи и додава дека имало големи притисоци врз сите пратеници.
-Нормално е секое мнозинство да го чува својот број на пратеници, но со демократски форми. Мислам дека е крајно време да се ослободиме од ваквиот начин на функционирање, вели Гаши.
Лидерот на Алтернатива за Реџепи додава и: „Ако вели сум слободен, по моја волја сум тука, немаме право да кажеме нешто ако тој го кажал спротивното за себе“.