Путин: Заканата на Лукашенко со блокада на гасот за Европа може да ги загрози односите меѓу Минск и Москва

од Nikola Popovski
719 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Белорусија не се консултирала со него пред да ја објави информации за можноста за прекин на дотокот на природен руски гас во Европа, додавајќи дека таквиот потег може да им наштети на односите меѓу Минск и Москва.

Во четвртокот, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко се закани дека ќе возврати со одредени мерки против сите нови санкции што Европската унија ги воведува против Минск, поради конфликтот со мигрантите на границата меѓу Белорусија и ЕУ.

Тој алудираше на прекинот на транзитот на гас и друга стока низ Белорусија.

Неговото предупредување накратко ја зголеми цената на гасот во Европа, која добива околу една третина од резервите на гориво од Русија, а тоа важи и за гасоводот Јамал-Европа, кој минува низ Белорусија и оди до Полска и Германија.

Белорускиот дел од гасоводот Јамал-Европа е во сопственост на рускиот државен гасен гигант Газпром.

Слични содржини